Полицијата во Палермо уапси медицинска сестра која лажирала дека им дава вакцини на антиваксери за да добијат сертификати за патување и влез во установи.
Инспекторите користеле скриени камери за надзор за да ја снимат 58-годишната жена која работи како медицинска сестра во Палермо.
#Digos Palermo ha arrestato un’infermiera impiegata presso il reparto malattie infettive, autrice di fittizie vaccinazioni contro il #Covid_19
È indagata per falso ideologico e peculato. Anche lei avrebbe beneficiato di una falsa vaccinazione relativa alla dose booster #15gennaio pic.twitter.com/rQnZi5Q69t— Polizia di Stato (@poliziadistato) January 15, 2022
На видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, се гледа како здравствен работник ја полни вакцината и потоа ја празни нејзината содржина во марамче, преправајќи се дека ја вбризгува во раката на човекот, пренесува Klix.ba.
58-годишната жена е уапсена под сомнение за измама, а италијанската полиција тврди дека дури и бустер дозата што ја дала била лажна.
Ова не е првпат медицинска сестра да биде уапсена во Италија под сомнение дека фалсификувала давање вакцини на антиваксери.
Уапсени се десетици лекари и медицински сестри бидејќи за таквите услуги наплаќале по 400 евра. Според информациите што ги собрале истражителите на терен, антиваксерите овие сертификати ги нарекуваат „супер зелени картони“ и за нив се подготвени да платат и до неколку стотици евра.