(ВИДЕО) Киднапирање во синагога во Тексас: Убиен напаѓачот, уапсени двајца тинејџери во Англија

Од:

Во рамките на истрагата за киднапирањето во синагога во Тексас, англиската полиција уапси двајца тинејџери. Тие беа приведени во неделата вечерта во Манчестер. Засега не се познати повеќе детали за возраста и полот на уапсените малолетници.

Полициската станица во регионот на Манчестер соопшти дека соработува со локалните заедници и дека учествува во истрагата во САД. Таа изјавила дека двајца тинејџери биле уапсени „во рамки на истрагата“ и дека се задржани во притвор на сослушување, пишува Би-би-си.

Во саботата британскиот државјанин Малик Фајсал Акрам (44) зеде четворица заложници и ги затвори во синагога во Коливил, Тексас. Тој беше убиен при судир со полицијата. Американската полиција соопшти дека Акрам пристигнал во САД пред две недели.

Братот на Акрам, Гулбар, ја потврди неговата смрт во изјава објавена на Фејсбук страницата на муслиманската заедница Блекбурн. Тој им се извини на жртвите и рече дека неговиот брат страда од психички проблеми.

Британската полиција претходно потврди дека се во контакт со американските власти и ФБИ. Во синагогата имало четворица заложници, од кои едниот бил рабин. Киднаперот наводно бил брат на Пакистанка осудена за тероризам. Шест часа по почетокот на киднапирањето, еден заложник е ослободен, а подоцна и сите останати.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски