ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски молчи за тоа што содржат „удобните“ одговори содржани во пакетот 5+1 дадени пред неколку месеци на Бугарија

Од:

„Владата на заевизмот на чело со пиунот Ковачевски молчат и не откриваат какви преговори водат со Бугарија. Имаме молк од владата на заевизмот за содржината на пакетот 5+1 одговори кои се доставени до Бугарија. Јавноста не знае што содржи овој пакет одговори, не знае ниту Собранието, ниту опозицијата. Од Бугарија дознавме дека на самитот на НАТО во Рига се доставени овие одговори уште во есента 2021-ва, а денес сме веќе на крајот на месец јануари 2022-ра, а власта уште се крие“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Што содржи овој пакет одговори, за кој вицепремиерот Артан Груби ќе каже дека се удобни за ставовите на Бугарија?

Што преговара министерот Бујар Османи, за кој и неговиот довчерашен колега Никола Димитров вели дека не му верува? Ако дошло време еден кариерист како Димитров да кажува дека Османи по секоја цена брза да го реши спорот без да внимава на интересите на Македонија, тогаш логичен е стравот на целата јавност за тоа какви отстапки е подготвен заевизмот да направи на сметка на македонските интереси.

Колнењата на пиунот Ковачевски дека македонскиот идентитет ќе биде заштитен, не поминуваат. На човек што се поклонува на Зоран Заев не може да му се верува. Народот виде дека кога СДСМ се повикува на македонски жици, тогаш се прави безмилосен пазар со јазикот, историјата и идентитетот“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски