Американците се помалку ги возат своите автомобили

Од:

Иако САД спаѓаат меѓу малкуте развиени земји чиј автомобилски пазар во моментов е во нагорна линија, истражувањата покажуваат дека автомобилите во оваа земја во просек се возат помалку отколку во претходните години.


Во споредба со Европа, возачите во САД се во предност кога станува збор за цената на горивото и na новите патнички возила.


Автомобилскиот пазар во оваа земја заздравува по кризата, а продажбата и производството повторно бележат раст.


Кога со овие статистики, предвид ќе се земе и се поголемата просечна ефикасност и економичност на моторите, логично е да се претпостави дека од година во година расте и просечната километража по возач.


Неодамна спроведената студија, меѓутоа, даде поинакви резултати.


Според истражувањето на универзитетот Мичиген, американските граѓани се повеќе предност им даваат на другите видови транспорт, како јавниот превоз и шетањето, во однос на управувањето на сопствените автомобили.


Истражувањето покажало и дека вкупната километража што Американците годишно ја минувале својот врв го имала во 2004 година, иако најмногу нови автомобили се продадени токму пред почетокот на кризата, во 2008 година, кога воедно на патиштата имало и најмногу регистрирани патнички возила.


Меѓу 2006 и 2011 година апсолутната измината километража опаднала  за пет отсто.


Кога ќе се спореди просечното растојание што годишно го минува американскиот возач, тоа, исто така, е во значителен пад и тоа за околу девет проценти во периодот 2004-2011 година (во 2004 изнесувала 22.065 километри, додека во 2011 година опаднала на 20.104 километри).


Овие податоци, сметаат експертите, покажуваат дека американското општество полека се врти  кон „зелениот“ транспорт, за што дополнително придонесува и се поголемата продажаба на автомобили со хибриден и електричен погон.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска