СДСМ: Изминаа два и пол месеци, а Арсовска ништо не сработи за скопјани

Од:

Се наближуваат 82 дена од мандатот на Данела Арсовска, период во кој таа најави дека ќе реализира 15 проекти. За време на овој период Арсовска не само што не реализира ниту еден конкретен проект, таа се што прави е стопирање проекти и партизација на Град Скопје, рече на прес конференција советникот во Град скопје од СДСМ Гордан Шутаров.

– Арсовска го прекина проектот Бас рапид транзит, одби 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, а потоа бараше пари од Владата за да му се помогне на ЈСП. Арсовска одби Градот да даде пари за да се субвенционира парното под образложение дека Град Скопје немал средства, а обезбеди 670.000 евра за да се вработат 109 кадри на ВМРО-ДПМНЕ во градската администрација. Наместо докажани и компетентни кадри, Арсовска во 10 дена смени два директори на ЈП Градски Паркинг. Ова е учинокот на Арсовска во првите два и пол месеци од нејзиниот мандат. Нема ништо за граѓаните, ништо за развој на градот, само деструктивни потези на штета на граѓаните, рече Шутаров.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа