Силјановска Давкова: Во Владата на Ковачевски има лица чии биграфии личат на флаери

Од:

Најспоменуваниот поим беше легитимитет. Легитимитетот, прво, извира од граѓаните и се манифестира, потврдува или губи на избори. Специфичен го прави потрошниот карактер бидејќи се работи за игра меѓу влезни и излезни елементи барања на граѓаните и влезни како закони, политики и кога ќе дојде до дискрепанца помеѓу нив зборуваме за легитимицасика криза. И оваа влада е во тешка легимациска криза, рече Гордана Силјановска на собраниската дебата за составот на нова Влада.

Таа објасни зошто владата е во тешка легитимациска криза.

„Прво, не може оваа влада да го наследи легитимитетот од претходна влада, таа не може да ги делегира бидејќи премиерот си замина од лична одговорност, а не поради друга функција. Второ, кога се конститураше власта во неа беше Беса неа ја нема сега во Владата или значи гласачите сега не се гласачи на оваа коалиција и легитимитетот е нагризен, ја има Алтернатива за која не знаеме што мислат граѓаните за нејзино трансформирање во власт“, рече Силјановска.

Дополнитело, Силјановска наведе и други недоследности, како дека министри кои беа носители на кандидатски листи ги нема и додаде дека најголемиот удар беа локалните избори. Исто така посочи дека и малите партии даваат условена поддршка што е спорно за легитимитет.

„По дефиниција оваа влада е нестабилна влада, по она што се случува внатре во СДСМ и надвор, тешко дека е влада на СДСМ, туку е на Зоран Заев“, рече Силјановска.

Според неа нема ништо и околу суштината. и кажа дека Европскиот центар за политики вели новата политичка криза тлее во Македонија по оставка на премиерот и огромна победа на опозицијата.

„Тоа предизвикува инхерентни ризици и тоа ја намалува посветеноста на ЕУ процесот, судството не е на ниво, корупцијата царува, пандемијата ја влошува состојбата, на економски и социјален план нема резултати“, вели Силјансовска.

Според неа легитимитетот на Ковачевски е всушност врзан неразделно од некој кој до вчера би палтрон, султан, објаснувајќи „мислам на најголемиот носител на моќта мислам на премиерот, а не го спомнавте, а ве преферираше одевте со него за да се манифестира блискоста.

Говорејќи за персоналните решенија Силјановска рече „ако си оди Димитров бидејќи нема датум за ЕУ, со него треба да замине и Османи зошто датумот како да остана во црната кутија во авионот во кој очегледно немаше пилот“.

„Се говори за владеење на правото. Дали колегата Тупанчевски ќе се дистанцира од оној договор дека независни експерти ќе извршат меѓународен мониторниг на процеси за кои постојат сомнењвања политички дека врз нив боло вршено политичко влијание како Монструм, Диво насеље. Тие може да се ревидираат само ако се најдат во Стразбир пред Судор за човекови права ова е директно мешање во судската власт“, заклучи Силјановска укажувајќи дека „оваа Влада во самото настанување е нелегитимна и има биографии кои личат на флаери“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Сиљановска Давкова: Соломонско решение е она со одложено дејство

А1он

Сиљановска Давкова: Да ја уредиме сегашноста по мерка на младите

А1он

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година