Новинарот Томислав Кежаровски кој се наоѓа во притвор, по апелите од колегите и семејството одлучи да го прекине штрајкот со глад којшто го почна во понеделникот.
Кежаровски почна штрајк со глад поради тоа што немаше одговор од надлежните власти зошто е во притвор и дали ќе биде продолжен неговиот притвор откако како гаранција заложи недвижен имот, па неговата психичка и физичка состојба се повеќе се влошуваше.