Поведена постапка во скопското обвинителство против дилер од Гостивар

Од:

Обвинителството со Наредба започна истрага против 52 – годишен жител на Гостивар, за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 24.12.2021 година, неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога – хероин со вкупна маса од 4461,6 грама. Тој ја спакувал дрогата во девет одделни пакувања и ја сместил во ранец кој го носел со себе. Потоа, по претходен договор и намера за продажба, околу 20:00 часот на бул. Босна и Херцеговина во Скопје се сретнал со друго лице, веќе осомничено за овој кривично правен настан, на кого му го предал ранецот полн со хероин.

Бидејќи постои оправдан страв дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, со оглед на видот и количината на пронајдената наркотична дрога – херион, која укажува на добро воспоставени криминални врски за набавка и продажба на ваков вид недозволени и опасни по здравјето супстанции, како и поради подготвеноста да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​

Би можело да ве интересира

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

Со месеци бандата која препродавала амфетамин била под посебни истражни мерки

Полициски претреси во Скопје и Куманово, запленета е голема количина на амфетамин, уапсени се неколку лица

Горан Наумовски

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Со нож и се заканувал на сопругата, а потоа ја истепал