Разрешената директорка на Театар Комедија: Имав притисоци од министерката Стефоска да дадам оставка

Од:

Директорка на Театар Комедија, Магдалена Ризова-Черних, не знае зошто е разрешена од министерката за култура, Ирена Стефоска. Таа за вели дека имала огромни притисоци за да си даде оставка, но не знае од која причина го правела тоа. Ризова Черних, која е и актерка во театарот, посочува дека нејзиното разрешување доаѓа додека е на боледување поради влошена здравствена состојба.

„Истото (притисок за оставка) го правеше и претседателката на Управен одбор Весна Гиновска Илкова. Мобинг и изнесување на тотални лаги. Кога е во прашање изнесување на вистината, вистината е следна. Потписи, манипулации и невистини. 79 вработени во институцијата Театар Комедија , а петиција од 30 и нешто, кои јас уредно ги повикав на состанок. Ги исполнив барањата да уметнички раководител биде Дарко Спасов, за кој уредно издадов задолжение за да ја извршува должноста и испратив барање до министерството за одобрување на финансиски средства за тоа работно место. Одговор на барањето сеуште нема, а истиот се повлече од должноста на крај од годината. На средбата со министерката бев изложена на притисок да решам проблем кој така лесно не се решава. За да работиш месец дена и да решиш проблем кој е од човекова природа не е лесно. Рокови три,четири дена.. Не дозволи да си го реализирам мојот план за работа и начин. Никогаш ова не се случувало од еден министер“, посочува Магдалена Ризова-Черних.

По огласот за директор, тврди дека атакот врз неа продолжил со итни седници на Ушправен одбор за нејзно разрешување без наведена причина.

„Тоа што се наведува од дел од колективот, причина се писмата потпишани од пола од вработените дека не сум била за директор, зошто сум била уметнички раководител во време кога бил претходниот разрешен директор (Сашо Ристовски), за кого стигнал допис до театарот во месец јули и кој покажал дека никаде дека нема злоупотреба на службена должност (а за тоа беше обвинет). Истиот беше изваден на огласна табла. За моето работење постојат извештаи како уметнички раководител во архивите на институцијата. Сомнежот им бил дека јас ќе го вратам Ристовски, кој со изјава сам кажа дека не сака да се врати. Воопшто и немам намера да го вратам. Овој однос кон мојот кредибилитет, моето 26 годишно работно искуство во театарската област и кон мене лично ве уверувам дека ќе го разрешам после подобрување на мојата здравствена состојба, бидејќи јас сум на боледување од вчера. Меѓу другото сакам да истакнам, дека притисоците и врз мојот приватен живот беа преголеми“, додава разрешената директорка.

Таа посочува дека ќе ја почитува одлуката. Додава и дека има и докази кои прво ќе ги достави до новата министерка за култура, која ќе седне на столчето од Ирена Стефоска.

Инаку, по месец и половина директорување, министерката за култура во заминување, Ирена Стефоска ја разреши актерката Магдалена Ризова-Черних од в.д. директор на Театар комедија. Решението, Стефоска го потпиша на последниот работен ден, пред да замине од министерската функција.

Би можело да ве интересира

Министерство за култура и туризам: Меморандумот за разбирање со Британскиот совет е платформа за развој на културната економија

Над 3000 вработени во културата се без плата, од утре излегуваат на протести

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Министерство за култура: Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид

Министерство за култура: Ќе се исплатат сите обврски кон македонскиот филм до крајот на годината

Јавна расправа за Предлог законот за култура – дел од забелешките околу децентрализација на институциите и стручните звања