Сатиричниот француски весник „Шарли Ебдо“ на непримерен начин нацрта карикатури со ликот на Новак Ѓоковиќ.
Laissez Djoko tranquille, il ne mérite que le meilleur ! https://t.co/CChM1P6bah
— Charlie Hebdo (@Charlie_Hebdo_) January 14, 2022
Со наслов „Новак Ѓоковиќ го заслужува најдоброто“ над ждрепката се прашуваат дали сме сведоци на идна дипломатска криза меѓу Србија и Австралија.
„Тенисерот, кој верува дека е недопирлив, се најде во Австралија за да учествува на турнирот, но бидејќи нема комплетни документи за вакцинација, чекаше да му биде одбиена визата и да биде приведен во очекување на потенцијално протерување од земјата“, напиша Шарли Ебдо.
На една од карикатурите, Ѓоковиќ со својот рекет е претставен на гробишта, а на ковчезите стојат натписи „невакциниран“.