СДСМ: Арсовска од градоначалничка станува портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Данела Арсовска го промени работното место, од градоначалничка станува портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ. Токму затоа својата енергија ја насочи кон вработување на партиски кадри, за што од Буџетот на Градот се издвоени 670.000 евра“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на Град Скопје.

„Од друга страна се жали дека нема пари во градската каса за помош на скопјани среде глобална енергетска криза, нема пари ни за ЈСП и нејзиниот најавен бесплатен градски превоз, а камо ли за почист воздух.

Арсовска не ја интересираат проблемите со парното греење и бара од владата, која постојано ја критикува да им помогне на скопјани.

Данела Арсовска освен што се жали и се прогласува ненадлежна ништо друго не работи.

За неколку месеци од изборот таа заборави дека граѓаните ја гласаа за да им помогне, а не да си бара изговори за својата неспособност“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат