Приведени двајца разбојници, со закана со нож одзеле чанта со дневен промет

Од:

Рано, утрово се уапсени двајца скопјани, кои дваесеттина минути претходно, на бензинска пумпа на локалниот пат Ржаничино – Катланово со закана со нож од вработените одзеле чанта со дневен промет, информира МВР

– Денеска во 05.20 часот со заедничка акција на полициски службеници од полицискиот пункт од оперативната акција „Рефлекс“, мото патрола од Полициското одделение Петровец и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на с.Катланово се лишени од слобода М.М.(22) и К.Р.(25), двајцата од Скопје. Тие, дваесеттина минути претходно, на бензинска пумпа на локалниот пат с.Ржаничино – с.Катланово со закана со нож од вработените одзеле чанта со дневен промет, информира МВР.

Кај лицата се пронајдени одземените парични средства и ножот кој е користен при извршување на кривичното дело. Тие се приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи