Град Скопје: Наместо одржливи и реални решенија за проблемите на граѓаните, СДСМ продолжува со лаги и манипулации

Од:

„Наместо конкретни идеи за подобрување на животот на граѓаните СДСМ секојдневно шири невистини и лажни вести со кои нанесува директна штета на Градот Скопје. Не е вистина тврдењето на владејачката партија дека партиски кадри се вработуваат во Град Скопје. Станува збор за продолжување на договори на определено време на лица веќе вработени во градската администрација“, реагира Град Скопје на соопштението на СДСМ.

„Бројот предвиден годинава е значително намален во споредба со 2021 и 2020 година, и лицемерно е некој кој гласал за значително зголемување на вработувањата во градската администрација сега за истото да шири дезинформации.

Власта наместо да шири лажни вести, да се посвети на тоа да им помогне на граѓаните. Владите во другите земји уште минатата година донесоа мерки за 2022 година да се надмине големата енергетска криза.

Додека СДСМ на дневно ниво неосновано го напаѓа Градот Скопје, барајќи оправданија за неодговорната работа на Владата, граѓаните на Скопје се во опасност да останат без парно греење“, се вели во реакцијата на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат