СДСМ: Арсовска вдомува кадри на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и ги игнорира потребите на скопјани

Од:

„Данела Арсовска и градоначалниците на општините во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се грижат за граѓаните. Арсовска тврди дека Градот немал пари да се вклучи во субвенционирањето на цената на топловодна енергија“, соопшти СДСМ.

„Владата ќе покрие 80% од разликата меѓу реалната и актуелната цена на парното греење, додека останатите 20 осто треба да ги покрие Град Скопје заедно со општините кои се во состав на Градот.

Очигледно Арсовска не планира да даде пари за скопјани да не плаќаат поскапо парно, а годинава ќе потроши 670.000 евра на 109 вработувања на партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Ова е последниот доказ кој покажува дека градоначалничката Арсовска не работи за интересите на граѓаните, туку се грижи само за лични и партиски интереси.

Арсовска го прекина проектот за Бас рапид транзит, поништи оглас за вработување на пожарникари, Управните и надзорните одбори и претпријатија ги полни со партиски кадри, вдомува 109 активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните ги остава сами да се снаоѓаат во време на криза со топловодна енергија.

Арсовска го кочи развојот на Град Скопје и работи спротивно на интересите на граѓаните.

Град Скопје има свој Буџет и наместо да бара оправдувања за нејзината неспособност, таа конечно треба да почне да го работи она за што е избрана – да решава проблеми“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар