ПЕП 21 бара ослободување на Кежаровски

Од:

Партијата за економски промени 21 (ПЕП 21) се приклучува кон барањето за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски од притворот во истражниот затвор Скопје.

– Во 21 век во една европска земја држењето во притвор на новинар поради неговото новинарско истражување е скандал и показател дека Македонија тоне во мрак.

Низата реакции треба јасно да им стават до знаење на судските органи дека ова е погрешна одлука која нема никакво оправдување.

Апелираме до судските органи да ја преиспитаат одлуката и да не нанесуваат штета на меѓународниот углед на Македонија злоупотребувајќи ја мерката притвор, стои во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

ПЕП 21: Иванов свесно ги прекршува Уставот и законите

Ана Ололовска

ПЕП 21: Претседателот Иванов да ја почитува институцијата Претседател

Ана Ололовска

ПЕП 21: ВМРО-ДПМНЕ го силува изборниот процес

Емир Латифовиќ

ПЕП 21: Обид за легализација на криминалот

Ана Ололовска

ПЕП 21 се приклучува на утрешниот протест пред Уставниот суд

Емир Латифовиќ

ПЕП 21: Работниците во Македонија итно да изберат незвисни синдикални лидери

Емир Латифовиќ