Потрагата се проширува: Матеј сега се бара во Панчево, Смедерево, Пожаревац…

Од:

Во потрагата по исчезнатиот Матеј Периш од Сплит, кој исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември, е вклучена и полицијата во градовите покрај реките Сава и Дунав.

Неговите пријатели од Сплит го пријавиле исчезнувањето, па потрагата прво почнала во Белград, а потоа се проширила во Панчево, Смедерево и Пожаревац, пренесува српски Телеграф.

„Прво почнавме да ги пребаруваме реката Сава, нејзиното корито и крајбрежјето. Потоа Дунав низводно од Панчевскиот мост, но се уште нема напредок во истрагата. Во потрагата се вклучени и колеги од Панчево, Смедерево и Пожаревац, кои ја пребаруваат реката и напуштените објекти покрај Сава и Дунав“, рекол неименуван соговорник кој Телеграф наведува дека е близок до истрагата.

„Потрагата сè уште трае, не само покрај реките во Белград, туку и пошироко. Информирани се и колегите од другите управи и секоја информација до која ќе дојдат се проверува и споделува, без разлика колку е чудна“, вели изворот.

Би можело да ве интересира

Во крвта на Матеј Периш пронајдени спид и алкохол, а во примерок од косата – кокаин

А1он

ВИДЕО: Сестрата на Матеј Периш: „Белград, никогаш повеќе…“

Ненад Периш одржа трогателен говор: Благодарам Белград, си одам дома со мојот син

Предраг Петровиќ

Телото на Матеј Периш денеска ќе биде испратено за Хрватска

Катерина Ѓуровски

Телото на Матеј ќе биде изложено во црква во Белград, оттаму ќе биде испратенo во Сплит

Ана Ололовска

ДНК анализата потврди, телото пронајдено во Дунав е на Матеј Периш

Катерина Ѓуровски