ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов, како Заев и Ковачевски, наместо за народот и државата, кажа дека работи за лични и партиски интереси

Од:

„СДСМ е партија која владее заради остварување на личните и партиските интереси, а не за интересите на Македонија и на народот. Тоа го признава и самиот потпретседател на СДСМ, Перо Костадинов кој самиот изјави дека „Се наоѓаме во период кога партиските интереси и кога личните интереси мора да се стават над државните интереси и навистина сум човек кој го протежира тоа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„И дека не е ова само лапсус, туку потсвесно признание говорат фактите. СДСМ заради бизнис интересите на фирмите врзани со партијата дозволи Македонија да западне во најтешка енергетска криза. Заради криминалот, корупцијата и личното богатење на функционерите во власта народот потона во сиромаштија и сме најкорумпирана држава, најсиромашната земја во Европа и сме најнесреќна нација. Заради провизии и бизниси на власта најлошо се справуваме со здравствената криза и сме црни рекордери по смртност во светот и Европа.

Признанието на Костадинов е само потврда на тоа кое што сите го знаат, дека СДСМ се водат исклучиво од личниот и партискиот интерес. Тоа го правеа и го прават Заев и пиунот Ковачевски,тоа го прават и останатите функционери на СДСМ. Тие се сметаат како елита која природно треба да владее на грбот на граѓаните“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски