ВМРО-ДПМНЕ: Народот без леб, а за Ковачевски златни чинии

Од:

„Владата набавува златни чинии и лажици за пиунот Ковачевски, а во исто време народот нема леб да јаде. Додека инфлацијата го јаде стандардот на народот, додека поскапуваат цените на лебот, маслото, шеќерот, додека поскапува цената на струјата и парното, додека граѓаните плаќаат милиони евра за приватни ковид тестови, главен приоритет на заевизмот е да обезбеди луксузен кујнски прибор за пиунот Ковачевски“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Па така однародената власт на Заевизмот набавува чинии од 88 евра по парче, лажици од 10 евра по парче, кристални чаши во време на економска , енергетска и здравствена криза. Ова е уште еден показател дека елитата на СДСМ секогаш јадела со златни лажици додека народот едвај врзувал крај со крај. Така беше и во време на транзицијата и криминалната приватизација, така е и сега. Впрочем и самиот Димитар ковачевски е дете на таа елита од транзицијата.

Ова мора да престане. Заевизмот мора да биде поразен на предвремени парламентарни избори бидејќи заевизмот е најголемиот проблем на народот“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче