Поранешна полицајка од Охрид пронајдена мртва во својот дом

Од:

Поранешна полицајка е пронајдена мртва во нејзиниот дом. Безживотното тело го нашле членови на нејзиното семејство, дознава „А1он“. Засега, причините за смртта не се познати. Од МВР велат дека увидот и натаму трае.

„Околу 16 часот е добиена информација за пронајдено безживотно тело во стан во Охрид. Се уште трае увидот на местото на настанот“, вели Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.

Неофицијално, починатата била припадник на охридската полиција до пред четири години. Нејзини колеги за „А1он“ велат дека до моментот кога била работно ангажирана имаат само пофални зборови за нејзината професионалност.

Телото на поранешната полицајка ќе биде даде на обдукција.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он