Кинотеката од денеска ја почнува програмата за најмладите љубители на филмот и за тинејџерите која традиционално ја организира за време на зимскиот распуст.
За најмладите гледачи од денеска на пладневни проекции ќе ги прикаже популарните анимирани филмови „Биби, Боби и една снешкастична Нова година“, „Каламити Џејн“ и „Патешествието на принцот“. Биби и Боби ќе може да ги гледаат и на попладневни проекции.
Тинејџерите ќе имаат можност да видат неколку играни филмови од поновата продукција – францускиот игран филм „Антоанета во Севените“ и италијанските наслови „Брат ми брка диносауруси“ и „Стакленото момче“. Филмовите ќе имаат вечерни проекции од 19 часот.