Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави денеска дека неговата земја силно се залага за европска перспектива на Западниот Балкан и дека е подготвена да биде медијатор во решавање на сите отворени прашања, најавувајќи поактивна улога на Париз во регионот во следните години.
– Јас ќе бидам прв кој ќе ја демонстрира таа поактивна улога, истакна Оланд на заедничката прес-конференција со словенечкиот претседател Борут Пахор.
Оланд, кој присуствува на неформалниот состанок на лидерите од регионот на Брдо кај Крањ, нагласи дека неговото присуство е резултат на желбата „да ја потврди француската посветеност за реинтеграција на Западен Балкан во Европа и за негово интегрирање во ЕУ“.
Тој истакна дека постојат услови кои секоја од земјите, кога станува збор за реформи, треба да ги исполни, но дека важен услов, исто така, е и регионалната соработка.