Приведени 51 албански државјанин со нерегулиран престој во Гостивар и во Тетово

Од:

Албанските државјани непријавени престојувале и работеле во Полошкиот регион, информира полицијата.

Тие за време на контролата биле затекнати на повеќе локации, од кои 32 на тетовските и 19 на гостиварските простори, најмногу од албанските погранични места Кукс, Либражд и Пешкопеја.

Најголеми број од приведените, на возраст од 17 до 57 години, поседувале документи за идентификација и патни исправи, меѓутоа не го пријавиле својот престој во нашата земја и биле ангажирани на црно, претежно во извршување на градежни и на земјоделски работи.

Сите се задржани во полициските станици во Гостивар и по целосното расветлување на сите поединости околу нивниот престој и работа во Полог ќе се соочат со соодветни законски санкции и депортирање во нивната матична земја.

Инаку, во последниве 6 месеци при полициски акциски контроли откриени се вкупно 98 странски државјани што непријавено работеле во Полошкиот регион. Најголемиот дел од нив биле државјани на соседна Албанија.

Г.М.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари