Поранешниот службеник на американската известувачка агенција НСА, Едвард Сноуден се уште не може да ја напушти транзитната зона на московскиот аеродром Шеремтјево, бидејќи документите кои што ги доби од руските власти не се доволни.
Анонимен извор од аеродромот за „Ројтерс“ изјави дека Сноуден документите ги добил од адвокатот Анатолиј Кучерен, но меѓу нив не била и дозволата за заминување. Кучерен изрази надеж дека статусот на Сноуден наскоро ќе се реши.
Американскиот Стејт депармент соопшти дека дозволата за напуштање на аеродромот ќе биде големо разочарување, а државниот секретар Џон Кери за оваа ситуација синоќа телефонски разговарал со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
Елена Георгиевска