Бан Ки-мун: Во Косово според Резолуцијата 1244

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, пред посетата на регионот на Западен Балкан, изјави дека мисијата на ОН на Косово (УНМИК) и понатаму има многу важна улога и мандат, како и дека ќе продолжи да помага во примената на Резолуцијата 1244.

– Мандатот и улогата на УНМИК ќе останат во насока на Резолуцијата 1244 и тоа е сосема јасно. Но, исто така, јасно е дека Европската унија и нејзината мисија ЕУЛЕКС преземаа поголема улога, додека таа на УНМИК е намалена. Сепак, ние и понатаму имаме многу важна мисија и мандат и ќе продолжиме со примена на Резолуцијата 1244 и останатите хуманитарни прашања, а пред се мирот и безбедноста во регионот, изјави Бан.

Српскиот весник „Политика“ во денешниот број наведува дека Генералниот секретар на ОН, на средба во Њујорк со група новинари од поранешна Југославија, истакнал дека неговата посета на Косово во поширок контекст претставува посета на регионот и дека е организирана во согласност со Резолуцијата 1244 на СБ на ОН.

– Како што знаете, Косово е единственото место каде денес е присутна некоја мисија на ОН. Моја должност и одговорност како генерален секретар е да се сретнам со нашите луѓе таму, нагласи Бан.

Тој додаде дека во таа прилика ќе има можност да се сретне и со претставниците на косовската Влада.

Ве потсетувам дека Резолуцијата 1244 на ОН треба да обезбеди гаранција дека секоја транзиција на Косово ќе се врши во согласност со линијата на СБ на ОН, истакна Бан.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“