ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Ковачевски ја составувал Заев, а со неа ќе управува ДУИ, со поддршка на ЛДП, ДОМ и ДС

Од:

„Владата на Ковачевски ја составувал Заев, а со неа ќе управува ДУИ, со поддршка на ЛДП, ДОМ и ДС. Пионот на Заев Ковачевски безпоговорно ја прифатил владата која Заев му ја составил, каде министер е Оливер Спасовски, заради кој сме на врвот на листите за криминал и корупција, Љупчо Николовски, чие најголемо достигнување беше заплена на една картонска кутија на путер со поминат рок, Славјанка Петровска, заменичка на Спасовски, Благој Бочварски за кој никој не знае кој ресор го води, и Фатмир Битиќи кој заедно со Ковачевски е меѓу највиновните за енергетската криза“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа влада е составена од сите луѓе на Заев, за заштита на криминалот на Заеви.

Со оваа влада ќе управува ДУИ и мафијата, а за тоа за неколку директорски места ќе даваат поддршка ЛДП, ДОМ и ДС.

ЛДП, ДОМ и ДС, со секој поминат ден во владата на Ковачевски, му кумуваат на криминалот и мафијата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче