ВМРО-ДПМНЕ: Прва одлука на Ковачевски, набавка на златни чинии за јадење, набавка вредна 140 месечни плати

Од:

„Стандардот на граѓаните тоне, цените одат до плафон, а однародената власт на заевизмот троши народни пари за позлатени чинии и нов прибор за пионот Ковачевски. Оваа власт е одлепена од реалноста штом во време на економска, енергетска и здравствена криза му набавува нов прибор за јадење на пиунот Ковачевски во вредност од 37 илјади евра“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата набавува чинии по 88 евра од парче, ножеви од 10 евра по парче, кристални чаши и уште око не им трепнува.

Ова е само уште еден показател дека заевизмот продолжува. Зоран Заев лани се фалеше со златен прибор, сега за Ковачевски се набавува луксузен прибор за јадење кој чини колку 140 месечни плати на еден работник во Македонија.

Ете до каде оди забеганоста на власта, во време кога едвај крај со крај се врзува, во време кога поскапуваат струјата и парното, кога граѓаните трошат илјадници евра дневно за тестирање, врвен приоритет на заевизмот е да набавува луксузен прибор за јадење.

Заевизмот не заминува со Зоран Заев, туку само добива нов лик во пиунот Ковачевски. Македонија може и мора да се ослободи од заевизмот само на предвремени парламентарни избори. Тоа е единствениот начин Македонија да тргне напред“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче