Антониј Тодоров: Заострување на бугарскиот став кон Северна Македонија, не е во национален интерес на Софија

Од:

Интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ е апсолутен национален интерес на Бугарија и Софија треба активно да работи на тој план, оцени политикологот и професор на Новиот бугарски универзитет, Антониј Тодоров во изјава за Бугарското национално радио.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Тодоров смета дека е потребно одржување на редовен дијалог на високо ниво меѓу Бугарија и Северна Македонија, оценувајќи дека заострувањето на бугарскиот став кон земјава, не е во национален интерес на Бугарија.

Тодоров го смета како правилен ставот на бугарскиот премиер Кирил Петков за нов пристап во преговорите со земјава, потенцирајќи дека историјата е важна, но таа не смее да биде „каменот што ќе и тежи на иднината“.

– Постои ризик да станеме заложници на приказна што не можеме да ја промениме, бидејќи е таква каква што е, додаде Тодоров.

Според него, доколку споровите меѓу Бугарија и Северна Македонија на подолг рок би ја блокирале интеграцијата на земјава во ЕУ, Софија ризикува да западне во целосна изолација во ЕУ, бидејќи „нема доволно силни позиции и мора постојано да објаснува што точно сака“.

– Од двете страни на границата има по едно ВМРО, кое притиска. Но, политичкото лидерство не може да се состои само во прифаќање на она што го сакаат мнозинството од граѓаните, туку напротив на тоа мнозинство мора да му се објасни што е национален интерес на Бугарија, истакна Тодоров, додавајќи дека токму ова ќе биде тест за раководствата и во Бугарија и во Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Зајкова: Во Заклучоците за проширувањето на Советот на ЕУ не стои дека уставните измени треба да стапат во сила веднаш

Катерина Ѓуровски

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени