Дали ќе се одложи стартот на второто полугодие Комсијата ќе одлучува следната недела

Од:

Министерството за здравство соопшти дека членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутираа за повеќе предлог мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци.

На Комисијата, како што се посочува, се разгледуваше предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови.

На денешниот состанок Комисијата за заразни болести ја разгледуваше и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата. Одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука, информираат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Самоизолација и здравствен надзор за две лица кои се заболени од мајмунски сипаници

Мехмедовиќ: Метапневмовирус е стар вирус, не треба да се очекува дека ќе биде нов Ковид-19

А1он

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Ќе заседава Комисијата за заразни болести, се очекуваат детали околу забраната за невакцинирани деца во градинките