Одложен четвртиот балон од АБА 2 лигата

Од:

Драстично зголемениот број заразени со коронавирусот во регионот е причината поради која е пролонгиран четвртиот турнир од АБА2, а кој требаше да почне во Бања Лука на 17 јануари.

Раководството на јадранското натпреварување реши средбите од осмото до 10. коло да се одиграат исто така во овој град од БиХ, но во периодот од 6 до 12 февруари.

– Ова значи делумна промена на плановите за подготовки на нашиот тим, особено што новиот термин е непосредно пред завршниот турнир од Купот на Македонија. Но, тоа не значи намалување на еланот на тренинзите, на кои сега вниманието ќе биде насочено кон средбите од Првата лига, каде што почнуваме со средбата на гости кај Кожув на 22 јануари, соопшти МЗТ Скопје Аеродром.

„Сините“ на турнирот во Бања Лука ќе ги одмерат силите со Сутјеска, Подгорица и Војводина, а точните термини и дополнително ќе бидат одредени. Аеродромци во моментов се второпласирани на табелата со шест победи во седумте досегашни меча.

Би можело да ве интересира

МЗТ Скопје Аеродром ја освои 11 шампионска титула

Муцунски: Остро го осудувам вчерашниот инцидент, во спортот нема простор за насилство и агресија

МЗТ Скопје го освои Купот на Македонија

Катерина Ѓуровски

ТФТ со пораз од Горица ги загуби шансите за плејоф во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

Историско финале за Феникс

МЗТ Скопје преку ТФТ до финалето на Купот