Црна Гора забрани увоз на свињи од Македонија и делови на Србија

Од:

Црногорското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство објави список на земји од кои е забранет увоз и транзит на пратки на живи домашни и диви свињи, нивно месо и производи, со цел да се спречи свинската чума, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што се наведува во владината одлука за увоз и транзит, забранет е увоз на свињи од од Северна Македонија и делови на Србија, односно од Пиротскиот, Зајечарскиот, Борскиот, Браничевскиот и Подунавскиот округ.

По исклучок, увозот може да се одобри за одредени месни производи и производи кои содржат месо со потекло од домашни свињи само доколку ги исполнуваат условите пропишани со наредбата за забрана за увоз и транзит на пратки на живи домашни и диви свињи, месо и месни производи, се додава во соопштението.

Забраната се однесува и на Филипини, Источен Тимор, Индонезија, Индија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Кина, Кенија, Лаос, Молдавија, Мјанмар, Намибија, Нигерија, Брегот на Слоновата Коска, Папуа Нова Гвинеја, Русија, Украина, Виетнам и Замбија.

Би можело да ве интересира

Уништени 50 килограми небезбедна храна во Крива Паланка

Регистриран нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

Во бомбици послужени во „Ѓорѓија Пулевски“ пронајдени бактерии

АХВ: Водата во Струмица не е за пиење, има манган и колиформни бактерии

Горан Наумовски

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски