Повеќе од 66.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени во саботата во Турција, соопшти Министерството за здравство на земјата.
Во соопштението се наведува дека во текот на изминатиот ден се регистрирани 66.237 нови случаи на коронавирус и 141 смртен случај, а оздравеле 34.592 лица.
Во последните 24 часа направени се дури 418.264 тестови за коронавирус.