Српски форензичар откри нови сознанија и објасни: Причината е во клубот, тоа го знаат неговите пријатели

Од:

Матеј Периш исчезна ноќта меѓу 30 и 31 јануари, откако последен пат беше виден како без јакна и лични работи излегува од клубот „Готик“, каде што бил на забава со пријатели од Сплит.

Неколку дена по потрагата, откриени се неколку снимки од безбедносни камери на кои се гледа како исчезнатиот млад човек трча низ улиците на Белград, како и една на која маж плива во Сава, но таткото на Матеј истакна дека тоа е стара снимка и тоа не е неговиот син.

Пријателите на Матеј со кои бил таа вечер, исчезнувањето го пријавиле следниот ден 16 часа откако изгубиле контакт со него. Како што подоцна беше откриено, полицијата ги испитала на полиграф и потоа тие се вратиле во Спит, додека таткото на Матеј се уште е во Белград, посочувајќи дека нема да замине се додека не го најде својот син.

Форензичарот Часлав Ристиќ за српските медиуми ги коментираше наводите дека пред пет дена во жардињера покрај реката биле пронајдени отпушок и врвка за чевли, за кои постои сомневање дека му припаѓаат на Матеј.

– Не е долг периодот од пет дена, секако на тие врвки мора да останат биолошки траги. Моите информации, откако го следам овој случај кој навистина ме потресе, покажуваат дека форензичарите не нашле ништо на лице место. Го пребарале и поблискиот и поширокиот круг, односно местото каде што треба да се најдат траги, за да најдат нешто што потекнува од Матеј, а таму колку што знам ништо не е пронајдено, објаснува форензичарот и додава:

– ДНК-анализите може да се завршат за ден-два, ако биолошкиот татко дал, а тој дал, ако воопшто се најдени врвки. И од отпушок може да се направи и ДНК, тука има плунка, што е многу голема трага.

Форензичарот посочува дека вистинската причина за исчезнувањето на Матеј не е надвор покрај реката…

– Треба да се види дали Матеј и каде влегол во вода… Ние сега се занимаваме со последицата овде, но причината е во ресторанот, поради што тој трчал, тоа го знаат неговите пријатели. Тие ја имаат причината… Треба да знаат дали консумирале алкохол таа вечер, дали консумирале дрога, зошто излегол… И на крајот на краиштата, времето од кога забележале дека го нема до утредента попладне кога пријавиле во полиција, е голем проток на време и за форензичарите, бидејќи во тој временски период се губат некои траги, рече Часлав за српските медиуми.

Ристиќ откри и поради што форензичарите токму на тоа место бараат траги, како и дека е многу веројатно ништо да не пронајдат.

– Објективно ако гледаме, овде тој и не морал да остави ниту една биолошка трага ако ги гледаме снимките. Тоа се траги токму таму каде што можеби влегол во водата, траги од папиларни линии, отпечатоци од прсти ако ја фатил оградата за да ја прескокне. Меѓутоа, со оглед на одминувањето на времето и големиот број луѓе кои можеби се фатиле таму подоцна, овие отпечатоци повеќе не можат да се најдат. Форензичарите затоа вршат увид во пошироката и поблиска околина на местото за да ги откријат тие траги – истакна тој и додаде:

– Можеби нема никаков знак. Ако трчал, ако воопшто влегол во водата, тој дошол по скалите и влегол во водата или паднал преку оградата. И какви траги можат да останат тогаш. Повторно, само ако се фатил за оградата или му испаднал дел од облеката. Прашање е дали влегол во водата или не, бидејќи безбедносните камери не го снимиле неговото влегување во водата, вели форензичарот.

– Забележано е дека некој плива и сомнежот е дека е тој, но вештаците од судска медицина ќе го испитаат тоа, мора да се утврди дали е тој. Тој човек добро плива, според мене не изгледа дека може да е некој во алкохолизирана состојба, единствено чудно ми е правецот во кој пливал, затоа што не допливал до брегот за да се спаси, додава Ристиќ.

Она што форензичарот целосно го исклучува е дека имало некаков криминален момент.

-Клучните индиции требало да ги направи оперативецот во разговор со другарите. Но овде нема никаков криминален настан. Само бараме млад човек кој исчезна и ако се најде, а се надевам дека ќе биде пронајден жив, целата оваа приказна ќе се реконструира. Полицијата го прави тоа што го прави и друга опција во моментов нема. Нивна работа е да ги реконструираат настаните и да тргнат во потрага, но Сава беше брза, водата студена, тешко некој да може да исплива. Тој би морал да потоне за минута од влегувањето во водата – заклучува форензичарот.

Би можело да ве интересира

Во крвта на Матеј Периш пронајдени спид и алкохол, а во примерок од косата – кокаин

А1он

ВИДЕО: Сестрата на Матеј Периш: „Белград, никогаш повеќе…“

Ненад Периш одржа трогателен говор: Благодарам Белград, си одам дома со мојот син

Предраг Петровиќ

Телото на Матеј Периш денеска ќе биде испратено за Хрватска

Катерина Ѓуровски

Телото на Матеј ќе биде изложено во црква во Белград, оттаму ќе биде испратенo во Сплит

Ана Ололовска

ДНК анализата потврди, телото пронајдено во Дунав е на Матеј Периш

Катерина Ѓуровски