Приведени дилери и крадец од Скопје

Од:

МВР ноќеска на подрачјето на Бит Пазар приведе двајца дилери, а вчера, на подрачјето на Чаир лиши од слобода и едно лице за изврпена тешка кражба.

Кај дилерите А.Ц.(28) и А.А.(31), двајцата од Скопје, биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветен поднесок.

А.Ѓ. (21), пак, од Скопје, е крадецот кој извршил тешка кражба во продавница лоцирана на улицата „Хаџи Јованов Шишко“ на 1 јануари годинава.

Како што соопшти МВР, во службен разговор со полицијата А.Ѓ. рекол дека кривичното дело го извршил заедно со Л.М.(19) од Скопје кој живеел во Велес и дека одземените предмети ги продал на Ѓ.Ј.(34) од Скопје. Извршен е службен разговор и со Ѓ.Ј.. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он