Премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи се ангажираа во Брисел да вложат напори во подготовката на локалните избори закажани во ноември на целата територија на Косово.
Дачиќ и Тачи разговараа неколку часа во Брисел со првиот дипломат на ЕУ Кетрин Ештон – иницијатор на договорот склучен во април за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.
– Двајцата лидери ја разгледаа подготовката на локалните избори на 3 ноември и се договорија да направат се што е можно изборите да протечат во најдобри услови, наведува Ештон во кусото коминике.
– Во наредните седмици работата ќе продолжи со истиот интензитет, за да се зачува динамиката, додаде таа.
Приштина на 3 ноември закажа локални избори, што првпат се организираат на целата територија на Косово, вклучувајќи и во северниот дел.