Големи врнежи од снег го парализираа сообраќајот во Јужна Африка. Затворени се двата главни автопата и речиси целиот преостанат локален патнички сообраќај помеѓу северните и јужните делови на земјата.
Во моментот не може да се патува помеѓу двата од три главни града на Јужноафриканската република, од Преторија до Јоханесбург во северниот дел, ниту пак до Кејптаун на југ. Се е затрупано со снег.
„Од Јоханесбург до Кејптаун нема алтернативен пат“ – изјави портпаролот на патничкиот сообраќај Ашраф Исмаил за агенцијата „Франс прес“.
Големите снежни врнежи се честа појава во Јужна Африка во зимскиот период кој трае од јуни до септември.