Граничната полиција на Австралија и го одби на чешката тенисерка Рената Ворацова барањето за виза. Чехинката беше во Мелбурн, играше подготвителен турнир, а потоа Гранцичната патрола дошла по неа и и ја укинала визата.
Таа се наоѓа во истиот хотел како и Новак Ѓоковиќ. Министерството за надворешни работи на Чешка соопшти дека Ворацова нема да се жали на одлуката на австралиските власти и дека ќе ја напушти земјата.
Ворацова не е вакцинирана, а во потврдата за медицински исклучок и стои дека прележала ковид минатиот месец.