Омикрон предизвикува хаос во светот, скок на бројот на новозаразени за 71 посто

Од:

Белгија оваа недела го надмина врвот на инфекции постигнат во ноември 2020, овој пат поради сојот омикрон. Премиерот на Белгија, Александер Де Кро, вчера се обрати пред јавноста по последниот координативен состанок за мерките за борба против Ковид-19 и повика на солидарност со почитување на превентивните мерки и примена на трета доза вакцина.

Италија, пак, воведе задолжителна вакцинација против коронавирус за лица постари од 50 години во обид да го намали притисокот врз нејзиниот здравствен систем и да ги намали смртните случаи. Мерката стапува во сила веднаш и ќе важи најмалку до 15 јуни.

Во болниците во Велика Британија, бројот на пациенти со коронавирус е најголем од февруари лани, покажуваат најновите податоци, во услови на зголемен притисок врз здравствените услуги. Вкупно 17.276 луѓе се во британските болници поради Ковид-19, што претставува зголемување од 58 отсто од недела во недела и највисоко од 19 февруари.

Воедно, британската влада соопшти дека правилата за тестирање на Ковид ќе бидат ублажени за луѓето кои патуваат во Англија. Така, целосно вакцинираните патници кои од денеска, пристигнуваат во Англија повеќе нема да мора да прават тест за Ковид пред да патуваат, а од недела, наместо да прават ПЦР тест на вториот ден од пристигнувањето, ќе можат да направат брз тест, кој е поевтин.

Оваа одлука ја потврди и британскиот премиер Борис Џонсон, по апелот на туристичките агенции и нивните тврдења дека мерките повеќе не се ефективни поради забрзаното ширење на сојот Омикрон.

Германија регистрира 64.340 нови случаи на инфекција со коронавирус во последните 24 часа, објави Институтот за заразни болести „Роберт Кох“. Вкупниот број потврдени случаи на инфекција со вирусот во Германија достигна 7.361.660, а на починати од Ковид достигна 113.368 лица.

Лидерите на Светската здравствена организација (СЗО) изјавија дека високо заразниот сој омикрон на коронавирусот создава помалку опасен тек на Ковид-19 од глобално доминантниот делта сој, но не треба да се карактеризира како „благ“, бидејќи негативните рекорди паѓаат низ целиот свет, здравствените системи се поплавени и владите се обидуваат да го „скротат“ вирусот, што досега уби повеќе од 5,8 милиони луѓе.

Техничкиот директор на СЗО, Марија ван Керхове предупреди дека омикрон нема да биде последната варијанта на Ковид-19.

-За жал, омикрон нема да биде последната варијанта, вирусот продолжува да се развива, нагласи Керхове.

Во својот неделен извештај, СЗО соопшти дека бројот на случаи во неделата до 2 јануари скокнал за 71 отсто во споредба со претходната недела, на 9,5 милиони, додека стапката на смртност паднала за 10 отсто на 41.000.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана