Синот на Талант Душебаев, младиот десен бек Алекс Душебаев наредната сезона ќе го носи дресот на македонскиот шампион, Вардар ПРО.
Имено, иако тој предходно од Арагон премина во Атлетико Мадрид и се очекуваше да биде големо засилување во екипата која ја водеше неговиот татко, Талант, немаше прилика да одигра ниту еден натпревар за шпанскиот веќе непостоечки, ракометен гигант кој прогласи банкрот и згасна.
20. годишниот ракометар се очекува да ја пополни посакуваната дупка на десната бековска позиција и единствено што фали да пристигне во таборот на ’црвено-црните’ за комплетен ’дрим-тим’ сега е, најавуваниот голман чие име засега, челниците на клубот го држат во тајност.
Шпанскиот талентиран играч во РК Вардар ќе пристигне по завршувањето на јуниорското првенство и во екипата ќе остане во наредните две години.