Од изработени 56 примероци позитивни на SARS CoV2, 33 се позитивни на Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 59% од позитивните примероци. Оваа варијанта е детектирана кај 16 пациенти од Скопје, 10 од Охрид, 4 од Тетово, 2 од Кавадарци и 1 од Кочани, информираат од Министерството за здравство.
Анализите за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARS CoV2 биле направени во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје.
Кај тројца пациенти од Скопје истовремено е детектирана комбинација од двата вируса Influenza A i SARS CoV 2.