Израелскиот министер за одбрана се сретна со кралот на Јордан

Од:

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц денеска во Аман се сретна со јорданскиот крал Абдула Втори како дел од напорите за подобрување на односите меѓу двете земји.

Кабинетот на Ганц соопшти дека се разговарало за безбедноста и политиката и дека Ганц „го поздравил ширењето на односите меѓу Јордан и сегашната израелска влада“.

Во Јордан е соопштено дека се разговарало „за потребата од одржување затишје на палестинските територии“ и неопходните мерки за поставување на темелите за мир меѓу Израел и Палестинците.

Состанокот е дел од обновените врски меѓу Израел и Јордан кои беа напнати додека Израел беше предводен од премиерот Бењамин Нетанјаху, а му претходеше тајна средба минатата година меѓу кралот Абдула и новиот израелски премиер Нефтали Бенет и посебна средба на шефовите на дипломатиите на двете земји.

Израел и Јордан потпишаа мировен договор во 1994 година и одржуваат блиски безбедносни врски, но односите се влошија поради тензиите во Ерусалим пред џамијата Ал Акса, каде често избувнуваат судири меѓу палестинските демонстранти и израелската полиција, израелското проширување на еврејските населби во окупираниот Западен Брег и долготрајната стагнација на мировниот процес.

Би можело да ве интересира

Kaц: Никој нема да може да побегне од долгата рака на Израел

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Израел и Хамас се обвинуваат за опструкции во преговорите за прекин на огнот