(ВИДЕО) Стоилковски: СДСМ во одбрана на незаконско именување на функции на декан и продекан, го омаловажи сопствениот ИО

Од:

„СДСМ застана во одбрана на кршење на закони и криминално работење. Или Бисера Костадиновска Стојчевска потпретседател на СДСМ не си ги знае статутот и функциите во партијата, односно дека членовите на ИО се високи функционери во највисоко партиско тело, а не советници, или вчера се обиде да направи груба манипулација и да ја излаже јавноста“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, ИО го претстави како советодавно тело, деградирајќи ги функциите на членовите на ИО, додека во статутот на СДСМ, инаку надополнет во мај лани, документ доставен до Централниот регистар и до Судот, јасно стои членот 33 којшто определува какви функции има ИО, дека е политички орган којшто ја гради политичката волја на партијата, со високи внатрешни овластувања за именувања и разрешувања. Членови на ИО не се советници како што Бисера нагласува, напротив се високи партиски функционери со определена функција и овластувања во партијата.

Спротивно на законот за високото образование, пиунот Ковачевски во ИО именува декан и продекан за негови членови.

Со тоа, професорите Мишко Ралев, декан на Факултетот за архитектура и дизајн, Ана Данева Маркова продекан од медицинскиот факултет се поставени и прифатиле високи партиски функции, спротивно на законот за високо образование.

Ковачевски уште не седнат на „Илинденска” не види сметка за законите; а ниту професори декан и продекан на факултети не си поднесуваат оставки веќе четврти ден или било каква морална одговорност за тоа.

Наспроти вистинска реакција, Бисера Костадиновска Стојчевска потпретседателка на СДСМ, вчера повторно го облече скафандерот за лаги и манипулации во одбрана на заевизмот, изнесувајќи невистинити тврдења во одбрана на кршењето на Законот за високо образование, донесен од СДСМ.

Образованието во Македонија тоне, а врвот на СДСМ го следи Заев и заевизмот и не ги почитува ниту сопствените закони, ниту пак сопствените документи во партијата.

Инсистираме на почитување на законот, СДСМ од ИО да ги разреши Ралев и Данева Маркова, а тие да се повлечат од позициите во високообразовните институции како морален чин.

Истовремено, бараме извинување и оградување од СДСМ од обидот на Бисера Костадиновска Стојчевска – потпретседател на СДСМ да ја лаже и манипулира јавноста“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го соопшти кандидатот за градоначалник на Скопје

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски