Приведен разбојник, возилото што го украл вратено на сопственикот

Од:

Во Полициската станица Струга бил извршен службен разговор со Р.Р.(20) од Струга, за кого бил распишан централен распис, поради сомнение дека на 22.12.2021 во Скопје одзел патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Б.(33) од скопско Крушопек.

Во полициската станица тој го признал делото, информираа денеска од МВР.

– Возилото му било одземено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 242 од Кривичниот законик, појаснуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи