Поланд: Не можеме да го вакцинираме целиот свет на секои шест месеци

Од:

Не можеме да ја вакцинираме целата планета на секои шест месеци, тоа не е одржливо, предупреди проф. Ендрју Поланд, претседател на британското JCVI (национално тело за вакцинација и имунизација) во интервју за Телеграф.

Поланд верува дека за четвртата доза од вакцината треба да се почека „додека не се појават повеќе докази“ и повика приоритет во идната вакцинација да им се даде на ранливите групи, наместо да се даваат дополнителни дози на целата популација над 12-годишна возраст.

„Нема смисла да се обидуваме целосно да ја запреме инфекцијата, во одреден момент општеството едноставно мора да се отвори“, рече британскиот експерт.

Неговата изјава е во момент кога Владата ги финализира плановите за брзо тестирање за дури 10 милиони работници во „критичните професии“.

Порачани се 45 милиони тестови во следните две недели, поради страв од ширење на омикрон сојот на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца