Стојан Ѓуроски надвор од кошаркарските терени следните два месеца

Од:

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Стојан Ѓуроски се здоби со скршеница на десната рака во тепачката пред два дена на скијачките патеки во Маврово.

Тепачка на 2 јануари во која учествувале четири лица од Косово и исто толку од Гостивар, настанала поради кавга за предимство за користење на ски лифт. Покрај Ѓуровски повредено е едно 18-годишно лице од Косово.

– Имам скршеница на десната подлактицата. Успешно бев опериран вчера. Следува пауза од околу два месеца, за закрепнување. Тоа секако негативно ќе се одрази на мојата сезона. Но, ќе се трудам да се вратам што побрзо и да бидам уште поподготвен кога ќе се вратам. Не би сакал да коментирам поопширно, меѓутоа бевме нападнати, така да кажам, од заседа. Се качувавме по ски-лифтот и тие горе не чекаа со извадени скии, подготвени, изјави Ѓуроски за Слободен печат.

Стојан Ѓуровски е член на Пелистер кој е лидер на табелата во Првата лига со максимални 12 победи.

Би можело да ве интересира

Mакедонија ја прегази Норвешка и обезбеди место во квалификациите за ЕП

Митрашиновиќ: Докажавме дека македонските кошаркарки имаат квалитет

Ти Џеј Шортс, најдобриот стрелец во Бундеслигата, ќе биде нов репрезентативец на Македонија

Ненад Димитријевиќ се приклучи на националниот тим

Машката кошаркарска репрезентација едно место погоре на листата на ФИБА

А1он

Бајиќ: Ја загубивме енергијата во вториот дел

Ана Ололовска