Jaguar најавува два евтини модела

Од:

„Јагуар“ на претстојниот авто-салон во Франкфурт ќе ги обелодени плановите за лансирање на два нови модели од  пониските автомобилски сегменти во однос на актуелната гама.

Според британските медиуми, еден од двата базични модела за кои се зборува е веќе најавената лимузина, што претставува наследник на „Jaguar X Type“ и идниот ривал на „Ц“ класата на „Мерцедес“ и на „БМВ“ Серија „3“.

Вториот автомобил спаѓа во сегментот кросовер возила и ќе биде поставен на истата алуминиумска платформа како и компактниот седан на „Јагуар“.

Двата модела треба да бидат претставени во втората половина на 2015 година, а ќе се произведуваат во фабриката на „Ланд Ровер“ во градот Солихал во Англија.

Прототипот на идната компактна лимузина на „Јаугуар“, што според некои најави може  да ја добие ознаката XS, веќе е фотографиран во текот на тестирањето на Нирбургринг.

Што се однесува до погонските единици, опцијата вклучува бензински мотори како што се 2.0-литарскиот турбо со 240 кс и 3.0-литарскиот В6 со компресор што развива 340 кс.

Во понудата ќе може да се најдат и 2.2-литарскиот четирицилиндричен дизел со 163 кс и 200 кс,  како и 3.0-литарскиот В6 дизел агрегат со 241 кс.

Одлуката за развојот на нови, компактни модели на „Јагуар“ е резултат  на проценката на раководството дека овој производител може да земе дел од колачот на пазарот на нешто поевтините премиум автомобили, како што тоа му појде од рака токму на „Ланд Ровер“ со моделите „Фриландер“ и „Ренџ Ровер“.

Сопственикот на „Јагуар“, индиската компанија „ Тата Моторс“ сака да ја зголеми продажбата на возилата на славната британска марка, откако во 2012 година пласманот на овие автомобили сочинуваа само 20 отсто од сите испораки на групацијата „Јагуар – Ланд Ровер“. За таа цел , компанијата веќе најави дека во следните четири години ќе инвестира по 2,75 милијарди фунти (околу 3,2 милијарди евра) годишно во развојот на нови модели и проширување на производните капацитети.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска