(ВИДЕО) Стоилковски: Нов случај за незаконско делење на Ковачевски покрај декан именувал и продекан

Од:

„Образованието тоне, а Ковачевски го разорува со незаконски одлуки. Пионот Ковачевски по принципот на неговиот наредбодавател Заев уште не седнат на премиерска фотелја грубо крши закони, именувајќи декани и продекани во партиските тела. Денес ќе презентираме нов случај на незаконско делување и именување на луѓе“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски спротивно на законот во ИО на партијата, високо партиско тело, ја именува Доц. д-р. Ана Данева Маркова, од Клиниката за гинекологија, којашто е Продекан за специјализации и супспецијализации на медицинскиот факултет при УКИМ.

Пиунот Ковачевски, на најгруб начин го крши Законот за високо образование, донесен од СДСМ во 2018 година, којшто е дециден дека „Вршењето на должноста декан и продекан, е неспоиво со вршење на друга јавна функција или функција во политичка партија“.

Ковачевски спротивно на законот, ги именува Ана Данева Маркова продекан од медицинскиот факултет, како и Мишко Ралев, декан на Факултетот за архитектура и дизајн, на високи партиски функции, како членови на Извршниот одбор на СДСМ.

Ова е грубо кршење на законот, и ова е целосно непочитување на законот и од пиунот Ковачевски, но и од двајца професори, декан и продекан на факултети, коишто спротивно на закон прифатиле високи партиски функции. СДСМ за овој скандал молчи и бега од јавноста.

Очекуваме во најмала рака Ковачевски да ги изземе двајцата професори дека и продекан од ИО на СДСМ, но и професорите заради ваквото најгрубо кршење на законот, како морален чин, двајцата да се повлечат од функциите во високото образование.

СДСМ со пионот Ковачевски не го напушта владеењето на Заев, за СДСМ не постојат закони, дури ниту оние што сами ги носат, а Македонија се подлабоко тоне во кризи и партизации“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски