Обвинение против три лица за обид за тешка кражба од гроб во Куманово

Од:

Основното јавно обвинителство – Куманово поднесе обвинителен предлог против три лица кои се товарат дека како соизвршители во обид да извршат кривично дело „тешка кражба“ од член 236 став 1 точка1 во врска со член 19 и член 22 од Кривичниот законик, на Градските гробишта во Куманово.

Двајца 30-годишници и едно лице на возраст од 32 години, сите од Куманово, заедно и по претходен договор, ноќта помеѓу 9 и 10 октомври, на Градските гробишта во Куманово, се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат.

– Со помош на рачен алат, лопати и ашов ја тргнале мермерната плоча со која бил покриен еден од гробовите, по што започнале да ја ископуваат земјата и дошле до ковчегот во кој се наоѓало телото на покојната Јелена Филиповиќ. Го отвориле ковчегот и започнале да вршат пребарување на телото со цел да пронајдат златен накит, бидејќи имале сознанија дека покојната наводно е закопана со злато на себе. При пребарувањето не успеале да пронајдат ништо, поради што делото не го довршиле, се вели во соопштението од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Бара да одговара само за небрежност – судење на кумановката која усмрти пешак во Скопје

Горан Наумовски

ВИДЕО: На кумановката чија ќерка загина во сообраќајка и се суди за прегазувањето на пешакот на мостот „Гоце Делчев“

Кристијан Ландов

И натаму не се знаат причините за сообраќајката кај мостот „Гоце Делчев“, каде во јануари загина пешак

Кристијан Ландов

Мајката на Јелена, девојката од Куманово која загина во сообраќајна незгода го усмрти пешакот кај „Гоце Делчев“

А1он

Пешак прегазен на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје

Катерина Ѓуровски