Трамп го поддржа Орбан на претстојните избори во Унгарија

Од:

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп му даде поддршка на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан на претстојните парламентарни избори во земјата, опишувајќи го го како „силен лидер“.

Во соопштение објавено синоќа, Трамп истакна дека унгарскиот лидер ја има неговата „целосна поддршка и одобрение“ на изборите во април.

– Орбан изврши моќна и прекрасна работа за заштита на Унгарија, спречување на нелегалната имиграција, создавање нови работни места, развој на трговијата, и на претстојните избори треба да му се дозволи да продолжи, изјави Трамп.

Крајно е необично поранешни или сегашни претседатели на САД да даваат јавна поддршка за кандидати на изборите во други земји.

Орбан во 2016 година беше првиот лидер на земја членка на ЕУ кој даде поддршка на кандитатурата на Трамп на претседателските избори во САД. Во 2019 година Орбан беше гостин на Трамп во Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Орбан им ја честита изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и на Сиљановска-Давкова

Горан Наумовски

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“