ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го крши законот за високо образование, да го повлече деканот на Факултетот за архитектура и дизајн кој е истовремено член на раководството на СДСМ

Од:

„Пионот Ковачевски уште не дојден на позиција премиер, продолжи онаму каде што застана неговиот наредбодавател Зоран Заев со кршење на законите. Во стилот на заевизмот Ковачевски го прекрши Законот за високо образование и во Извршниот одбор на СДСМ го именува деканот на Факултетот за архитектура и дизајн Мишко Ралев. Иако законот во член 114, став 3 е јасен дека декан не смее истовремено да биде на друга јавна функција, уште помалку функција во политичка партија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно пиунот на Заев, Ковачевски како и неговиот ментор не го почитува законот кој го донесе неговата партија и смести декан во највисокото раководно тело на СДСМ

Со ова Ковачевски уште пред да стане официјално премиер дава до знаење дека во Македонија продолжува заевизмот, продолжува хибридниот режим.

Ковачевски мора веднаш да го разреши Мишко Ралев од ИО на СДСМ, а доколку не го направи тоа, самиот Ралев треба да се повлече од позицијата декан на Факултетот за Архитектура и дизајн.

Доколку не го направат тоа ќе потврдат дека не само што продолжува заевизмот, туку и дека продолжува партизацијата на институциите и уништувањето на македонското образование кое поради СДСМ од ден во ден тоне се повеќе.

Со Ковачевски нема промени, тој само е продолжена рака на Зоран Заев, затоа на Македонија и се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски