Мексиканскиот претседател Обрадор лани од Трамп побарал помилување за Асанж, но не добил одговор

Од:

Мексиканскиот претседател, Андрес Мануел Лопез Обрадор, изјави дека минатата година побарал од Доналд Трамп помилување за основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, а тоа се случило пред Трамп да ја напушти Белата куќа.

Лопез Обрадор изјави дека побарал помилување за Асанж во писмото што му го испратил на Трамп додека бил претседател на САД, но додаде дека не добил одговор на писмото.

-Тоа би бил знак на солидарност, братство, да добие азил во земјата во која Асанж ќе одлучи да живее, вклучувајќи го и Мексико, рече Лопез Обрадор.

Обрадор изјави дека доколку Асанж добие азил во Мексико нема да може да се меша во работите на други земји и нема да претставува никаква закана, пренесуваат британските медиуми.

Високиот суд во Лондон во декември ја поништи одлуката на понискиот суд Асанж да не биде предаден на американското правосудство и со тоа го отвори патот за негова екстрадиција во САД.

Американските власти го обвинуваат Асанж (50), роден во Австралија, по 18 точки од обвинение за објавувањето на огромни количества доверливи воени документи на САД и дипломатски пораки од Викиликс, кои, според нив, ги загрозиле животите на некои луѓе кои им помагале на САД во воените зони.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп